Ракометното дерби во Токио и припадна на Франција

EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Ракометарите го комплетираа третот около на Игрите во Токио, а на победи се радуваа селекциите на Данска, Шведска, Египет, Норвешка, Шпанија и Франција.

Во дербито на денот, Франција ја совлада Германија со минимални 30:29 и го задржа максималниот ефект по три кола. Французите подобро го отворија натпреварот, кон средина на првиот дел водеа со 14:7, но на средина на вториот дел, предност имаше Германија и тоа со 18:19.

Одговорот на „триколорите“ беше серија од 4:0 со која ги реши дилемите околу победникот. Најефикасни во тимот на Франција беа Дика Мем со пет и Михаел Гигу со четири, додека кај Германците, Тимот Кастенинг постигна седум гола.

Резултати:
Данска – Бахреин 31:21
Шведска – Португалија 29:28
Египет – Јапонија 33:29
Норвешка – Аргентина 27:23
Шпанија – Бразил 32:25
Франција – Германија 30:29

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот