Ракометните кадети со нов селектор ќе бркаат пласман на ЕП 2024

фото: Ракометна федерација на Македонија

Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) донесе одлука за именување на Наум Танески за нов селектор на машката кадетска репрезентација, а за помошник тренер е именуван Миле Бочкаровски.

Кадетите ќе учествуваат на квалификациски турнир кој ќе се одржува во периодот од 4 до 8 јануари 2024 год.

Организатор на групата за квалификацискиот турнир е РФМ, натпреварите ќе се одигруваат во спортскиот центар „Автокоманда“ во Скопје.

На турнирот ривали ќе бидат националните селекции на Косово, Швајцарија и Словачка, а најдобрите две репрезентации ќе обезебедат пласман на Европското првенство (М18) во Црна Гора следната година.

Во пресрет на подготвителниот период ракометарите ќе играат и на турнирот „Трофеј Карпати“ кој ќе се одржи во Плоешти, Романија во период од 25 до 29 октомври 2023, на кој ќе настапат и селекциите на Египет, Црна Гора и Романија.

Кристијан Грчевски ВД селектор на женската ракометна сениорска репрезентација на Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот