Кристијан Грчевски ВД селектор на женската ракометна сениорска репрезентација на Македонија

фото: РФМ

Денеска официјално Ракометната федерација на Македонија објави дека нов селектор на нашите најдобри ракометарки ќе биде Кристијан Грчевски.

Воедно РФМ објави дека во стручниот штаб се именувани за помошници тренери Ања Алтхаус и Едуарда Аморим Талеска.

Именуваните лица ќе бидат во функција вршители на должност (ВД), за време период на одигрување на квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2024 година.

Во квалификациите за следното ЕП, Македонија е во групата „5“ со Шпанија, Литванија и Азербејџан. Првопласираните две репрезентации од секоја група и четири најдобро третопласирани ќе обезбедат пласман на континенталниот собир. Првиот меч нашата селекција ќе го има на 11/12 октомври 2023 на домашен терен против Азербејџан.

Потсетување дека во мај годинава федерацијата ја прекина соработката со досегашниот селектор на националниот тим, Љубомир Савевски по елиминацијата од Украина во баражот за пласман на Светското првенство 2023.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот