Ракометарките „извозени“ од организаторот и поразени од Турција на Медитеранските игри
Женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа пораз од селекцијата на Турција на првиот натпревар на Медитеранските игри што се одржуваат во Оран, Алжир, но хаосот со промената на термините продолжува.
Препорачано
Ракометарките кои настапуваат во комбиниран тим, селекторот Љубомир Савевски во Оран игра со кадетки и младинки, загубија со 34:27 од Турција која настапува во најсилниот состав, но улога во поразот има организаторот кој повторно ги промени термините на одигрување на натпреварите и тоа на „минута до 12“.
Првично натпреварот беше закажан за 11 часот утринава, но во последен момент беше презакажан за 13 часот.
Првото полувреме помина во израмнета игра во која избраничките на Савевски го бркаа водството на Турчинките. Воведните 15-тина минути поминаа во израмнета игра (9:9), но во финишот турските ракометарки дадоа три гола и на одмор се замина со 16:19.
На стартот од вториот дел Турчинките со нови три гола направија предност од шест гола (16:22) и до крајот на средбата ја одржуваа предноста за конечни 27:34.
Kипријановска со шест и Џатевска со пет гола беа најдобри во македонската репрезентација, додека кај Турција, Туркоглу даде осум гола. Следниот натпревар, ракометарките ќе го играат утре против Србија. Стартот е средбата засега е 13 часот.


