Ракометарите на Целје не обезбедија пласман во осминафиналето на ЕХФ Лигата на шампионите

фото: EPA/AXEL HEIMKEN

Целје имаше задача денеска имаше за задача да го победи Кил на гостински терен во 13 претпоследно коло од групната фаза во ЕХФ Лигата на шампионите за да ги одржи шансите за осминафинале, но Германците беа пресилни и на крајот славеа со 39:27.

За Кил во триумфот блескаше Данецот Јакобсен со девет погодоци, а на спротивната страна по пет голови постигнаа Иванковиќ и Јанц.

Словенците после 10 пораз сезонава ги загубија сите шанси за пласман во елиминациските борби, а таму благодарение на победата на Кил ќе биде составот на Пик Сегед.

Уште од претходно елиминиран од трката за влез во осминафиналната фаза е и норвешкиот Елверум кој со 31:24 загуби кај Алборг.

На табелата во групата „Б“ Барселона е првопласирана со 23 бодови и заедно со второпласираниот Кјелце (20) обезбедија директен пласман во четвртфиналето. На третата и четвртата позиција се Нант и Кил со по 14 бодови, Алборг има 11, а Пик Сегед 10. Претпоследен е Целје со шест, а Елверум има два.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот