Радичевска и Стоилов спортисти на Град Скопје за 2019 година

Репрезентативниот пивот и воедно капитен на македонскиот, регионален и европски ракометен шампион и каратистката од „Макпетрол“, Сара Радичевска се прогласени за најдобри спортисти на Град Скопје за 2019. година.

Младиот борач Бесир Алили е најуспешен спортист во младинска категорија, а тенисерката Александра Симева за најталентиран млад спортист – кадет.

На денешната свеченост во Советот на Град Скопје воедно беа прогласени најуспешниот тренер, екипа, спортист-странец кој игра за скопска екипа и најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби.

Најуспешни 5 спортисти во машка сениорска категорија

1.Стојанче Стоилов – АД Ракометен клуб Вардар
1 место во Лига на шампиони на Европа и 1 место во СЕХА лига
2.Могамедгаџи Нуров – Боречки клуб Вардар
3 место на светско првенство и освоена олимписка норма за “Токио 2020“
3.Елмедин Сејфулахи – Боречки клуб Лирија
5 то место на европско сениорско првенство
4.Евгениј Поп Ацев – Пливачки клуб Вардар
1 место на светска ранг листа во маратонско пливање;
6 место на светска ранг листа на 10 км – олимписка дисциплина
5.Петар Заборски – Карате клуб Макпетрол
2 место на Европски Универзитетски Игри

Член 4
Најуспешни 5 спортистки во женска сениорска категорија

1.Сара Радичевска – Карате клуб Макпетрол
2 место на Европски Универзитетски Игри
2.Анамарија Георгиевска – Таеквондо клуб Бутел
1 место на Балканијада
3.Адријана Поп Арсова – Маратон Клуб Делта
3 место на Балканијада во маратонско трчање
4.Дрита Ислами – Атлетски клуб Работнички
1 место на 400 м. на Европско првенство – 3 лига
5.Сајра Морина – Карате клуб Кеикс
Три први места на WKF меѓународни турнири;
1 место на балканскиот турнир Шампионат

Член 5
Најуспешни 5 спортисти во младинска категорија (мажи и жени)

1.Бесир Алили – Боречки клуб Лирија
1 место на Европско првенство за кадети
2.Петар Спасеновски – Карате клуб Макпетрол
1 место на Европско првенство
3.Филип Додевски – Таеквондо клуб Бутел
1 место на Светско клупско првенство;
3 место на Европско првенство – У 21
4.Ангела Мојсовска – Карате клуб Макпетрол
5 место на Светско првенство – У 21;
3 место на Европски Универзитетски Игри
5.Миа Тодорова – Кикбокс клуб Шампион
3 место на Светско првенство

Член 6
Категорија најталентиран млад спортист – кадет

1.Александра Симева – Тениски клуб Тенис Парк
Победник на два големи меѓународни турнири

Член 7
Најуспешен тренер

1.Суфијан Исмаили – Боречки клуб Лирија
1 место на Европско првенство за кадети;
5 место на Европско првенство за сениори

Член 8
Најуспешна спортска екипа од Скопје

1. АД Ракометен клуб Вардар
1 место во Лига на шампиони на Европа сезона 2018/2019;
1 место во СЕХА Лига

Член 9
Најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје

1.Даинис Криштопанс – АД Ракометен клуб Вардар
1 место Лига на шампиони на Европа;
1 место во СЕХА Лига
Член 10
Најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби

1.Марио Мицковски – Специјална Олимпијада
1 место во пливање – 50 м. слободен стил и 1 место во пливање – 25 м. грбно на Летни олимписки игри на Специјална Олимпијада
Стефан Прентовски – Специјална Олимпијада
1 место во пливање – 50 м. слободен стил на Летни олимписки игри на Специјална Олимпијада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот