Работниците на Ламборџини ќе работат четири дена во неделата

Логото на Ламборџини / Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Италијанскиот производител на луксузни автомобили Ламборџини постигна договор со синдикатите ФИОМ и ФИМ-ЦИСЛ за воведување четиридневна работна недела за своите производствени работници, соопштија претставниците на компаниите и работничките здруженија.

Синдикатите ФИОМ и ФИМ-ЦИСЛ договорот го нарекоа историски бидејќи Ламборџини како прва компанија во европската автомобилска индустрија значително го намалува работното време без намалување на платите, пренесува Ројтерс.

Работејќи се помалку и подобро, тоа е принципот по кој се водеа овие преговори“, се наведува во соопштението на синдикатот.

Работниците во производството, со ротирачки распоред во две смени, наместо пет дена ќе работат четири дена во неделата и секоја година ќе работат 22 дена помалку од претходно.

Вработените кои работат во три смени ќе имаат петдневна работна недела која наизменично ќе се менува со две четиридневни работни недели, што значи дека секоја година ќе работат 31 ден помалку од досега, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот