Путин бара помош од најмоќните руски олигарси за да го наполни државниот буџет
Рускиот претседател Владимир Путин побарал од олигарсите да донираат во рускиот буџет за да се стабилизираат државните финансии, додека продолжува со војната во Украина, објави „Бел“.
Препорачано
Рускиот претседател во четвртокот одржал затворена средба со водечки бизнисмени, според извор запознаен со приликите. Путин разговарал за финансирањето на војската и за продолжувањето на војната.
Војната, која трае веќе пет години откако Русија во февруари 2022 година ја започна целосната инвазија, доведе до нагло зголемување на трошоците за одбрана, кои во 2025 година достигнале 190 милијарди долари.
Русија во моментов се соочува и со пад на буџетските приходи од продажба на енергенси, како и со економско забавување. Тоа влијае и врз даночните приходи од другите сектори на економијата.
Во меѓувреме, дел од олигарсите наводно веќе прифатиле да издвојат огромни суми за државата. Се споменува дека Сулејман Керимов ветил околу 1,23 милијарди американски долари, а и Олег Дерипаска се согласил да учествува, додека Кремљ тврди дека идејата не дошла директно од Путин, туку од самите бизнисмени.
Сулејман Керимов е руски милијардер, олигарх и политичар кој има блиски врски со владата на Владимир Путин во Русија, а во минатото имал и блиски односи со чеченскиот лидер Рамзан Кадиров. Во последно време, сепак, Керимов и Кадиров се во судир. Олег Дерипаска, пак, е мнозински сопственик на руската компанија за алуминиум РУСАЛ. Се смета за еден од најблиските до Владимир Путин од руските олигарси. Според списанието „Тајмс“, неговото богатство се проценува околу 14,5 милијарди американски долари и е меѓу најбогатите во Русија.
Русија ќарила 7,7 милијарди евра продавајќи нафта и гас од почетокот на војната на Блискиот Исток


