Пуштен на слобода осомничен за двојното убиство во „Шиша бар“

Фото: МИА

Осомничениот за двојното убиство во „Шиша бар“ кој беше во притвор од јуни доби мерки за претпазливост наместо притвор. Од Обвинителството посочуваат дека тој е осомничен за помагање при сторување на кривично дело, па затоа и не е неопходно обезбедување на присуство.

Како што се наведува, донесена е судска одлука, 31-годишниот скопјанец да излезе од затворот во Шутка. Станува збор за лице кое беше уапсено поради увозот на автомобилот со кој се превезувале убијците.

Лицето кое е ослободено, се поврзувало со увезувањето на „аудито“, автомобил кој беше опожарен во Бутел кратко по двојното убиство. Од него останаа регистарските таблици. Возилото било оставено кај подвозникот, кој води кон Мирковци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот