Фото: МИА / архива

Пукање пред кафеана – нападнати се жител на Скопско и неговиот внук

61-годишен жител на скопското село Копаница и неговиот внук вчера попладне биле нападнати пред угостителски објект во селото од четворица напаѓачи, од кои еден испукал еден куршум од пиштол, соопшти МВР.

„На 12.11.2025 во 17:40 часот во СВР Скопје, З.Џ.(61) од с.Копаница, скопско, пријави дека на 11.11.2025 околу 21:05 часот пред угостителски објект во с.Копаница, тој и неговиот внук А.З. биле физички нападнати од Ф.И., Б.И., А.И. и А.И., при што Б.И. испукал во воздух проектил од огнено оружје“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот