Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

ПСЖ му гостува на Баер Леверкузен, Наполи на Елмас оди кај холандскиот ПСВ

Во следните два дена ќе се игра третото коло од фудбалската Лига на шампионите, каде што бранителот на титулата Пари Сен Жермен денеска од 21.00 часот ќе игра на гостински терен против Баер Леверкузен.

Лондонски Арсенал од 21.00 часот ќе биде домаќин на Атлетико Мадрид. Челси пред своите навивачи ќе игра против Ајакс во Лондон во среда, додека Јувентус ќе му гостува на Реал Мадрид.

Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе гостува во Холандија кај тимот на ПСВ и ќе ја брка втората победа во елитното клупско натпреварување.

Милански Интер кој стартуваше со две победи во новата сезона на ЛШ, ќе игра во Белгија од 21.00 часот против Ројал Унион СГ.

Лига на шампиони

Трето коло, двојки:

Вторник –

18.45 часот
Барселона – Олимпијакос
Каират Алмати – Пафос

21.00 часот
Арсенал – Атлетико Мадрид
Баер Леверкузен – ПСЖ
ФК Копенхаген – Борусија Дортмунд
Њукасл – Бенфика
ПСВ – Наполи
Ројал Унион СГ – Интер
Виљареал – Манчестер сити

Среда –

18.45 часот
Атлетик Билбао – Карабах
Галатасарај – Бодо/Глимт

21.00 часот
Аталанта – Славија Прага
Баерн Минхен – Клуб Бриж
Челси – Ајакс
Ајнтрахт Франкфурт – Ливерпул
Монако – Тотенхем
Реал Мадрид – Јувентус
Спортинг – Марсеј

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот