„Извртено“ - Филм - Фото: Wikipedia

Психолошки трилер стар 20 години стана хит на Нетфликс иако критичарите му дадоа еден отсто позитивни оцени

Филмот „Извртено“ (Twisted), во кој главните улоги ги толкуваат Ешли Џад, Семјуел Л. Џексон и Енди Гарсија, пристигна на Нетфликс и експресно се искачи меѓу најгледаните наслови на платформата. Иако поминаа две децении од неговата премиера, овој трилер моментално се наоѓа на високото четврто место на светската топ-листа на филмови.

Приказната ја следи инспекторката Џесика Шепард (Ешли Џад). Откако решава голем случај со сериски убиец, таа е унапредена во одделот за убиства. Но, набрзо се наоѓа во центарот на нова серија злосторства каде сите жртви се нејзини поранешни љубовници. Како што тече истрагата, Џесика почнува да се сомнева во самата себе, бидејќи страда од губење на свеста поради алкохол и не може да се сети на делови од ноќите кога се случиле убиствата.

Критичарите го „убија“ со негативни рецензии

Иако денес е огромен хит, „Извртено“ во времето на излегување доби катастрофални критики. На сајтот IMDb има скромна оцена од 5,3, додека на „Rotten Tomatoes“ има само еден процент позитивни критики. Просечната оцена на критичарите е само 3 од 10, а консензусот е дека станува збор за клише трилер кој не успеал да ја искористи одличната актерска екипа.

Многумина му замерија на филмот за предвидливиот заплет и претераните пресврти. Сепак, гледачите на „Нетфликс“ очигледно не се согласуваат со тоа. За многумина од нив, ова е забавен трилер кој е идеален за една вечер и за сите љубители на мрачни криминалистички приказни со неочекуван крај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот