Прво место за Кајак Кану Клуб Арка-Борец во второто коло од Европскиот куп
Велес изминатиот викенд блескаше на европската мапа на кајакот, домаќин на второто коло од Европскиот куп во кајак на диви води – дисциплина спуст со најдобрите кајакари од Југоисточна Европа. На реката Вардар Кајак Кану Клуб Арка-Борец донесе голем успех и резултат за македонскиот кајак.
Препорачано
Кајак Кану Клуб Арка-Борец го освои првото место во клупска конкуренција на второто коло од Европскиот куп и лига на Југоисточна Европа.
Македонските натпреварувачи со гордост ги бранеа боите на нашето знаме: Љубомир Спасиќ, Благој Гугинов, Александар Златаров, Андреј Апостолов, Лука Велковски, Доне Ѓорѓиевски, Петар Делов, Кристијан Лазаров, Енис Небиовски, Марија Пановска, Илија Младеновски и сите останати.
На класик трката од Југоисточната Европска Лига Љубомир Спасиќ успеа да го освои првото место, а на спринтот од Европскиот куп се пласираше на втората позиција.
Во јуниорска конкуренција прво место освои Благој Гугинов од Македонија, а во Ц2 категорија првопласиран беше македонскиот пар Александар Златарови Благој Гугинов.
– Особено горд на успешната организација на двата настани во Велес. Благодарност до сите натпреварувачи, судии, волонтери и поддржувачи кои дадоа сè од себе – заедно покажавме дека Велес може да организира европски настани на високо ниво – се зборовите на Спасиќ.


