Првите знаци дека ПСЖ направи грешка со ангажирањето на голем број sвезди

фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Фудбалерот на ПСЖ, Џорџино Вајналдум отворено откри дека не му се допаѓа статусот кој го има во парискиот клуб чиј дрес го облече пред четири месеци.

Вајналдум моментно е со холандската репрезентација, а помеѓу двата квалификациски натпревари за Светското првенство зборуваше за домашните медиуми.

Од почетокот на сезоната, тој одигра само двапати одигра 90 минути, а од можните 12 натпревари, во еден не влезе ниту во игра. Кога станува збор за минутажата во последните пет натпревари, Холанѓанецот собираше нешто повеќе од 23 минути по натпревар.

Во исто време, тој беше важен дел на „лалињата“, асистираше за гол против Норвежаните (1:1), а беше и стрелец против Црна Гора (4:0).

– Не можам да кажам дека сум целосно среќен бидејќи ситуацијата не е онаква каква што сакав. Тоа е фудбал и ќе треба да научам да се справувам со него. Јас сум борец, морам да останам позитивен и со напорна работа да ја сменам ситуацијата – изјави Вајналдум за холандски „Nos“.

ПСЖ во текот на летниот период покрај Вајналдум ангажираше и други големи ѕвезди како Лионел Меси, Џанлуиџи Донарума, Серхио Рамос, Ашраф Хакими и Данило Переира, а зборовите на екс членот на Ливерпул можеби се првите знаци дека ангажирањето на толкав број на звучни имиња може да биде проблем за париските „светци“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот