Првата СМС порака продадена на аукција за 107.000 евра

Првата СМС порака/ Фото EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Првата СМС порака денеска е продадена на аукција во Париз за 107.000 евра, пренесува ДВ.

СМС пораката испратена на 3 декември 1992 година беше понудена на аукција од британската телекомуникациска компанија Водафон како таканаречен NFT (незаменлив токен).

Во пораката се честита Божиќ

Пораката ја испратил инженерот на Водафон Нил Пепворт од компјутер до менаџер во Велика Британија кој ја примил на неговиот телефон Орбител тежок два килограми.

Купувачот купил реплика на оригиналниот протокол за комуникација.

Приходите од продажбата ќе бидат наменети за агенцијата на ОН за бегалци УНХЦР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот