Прва радост за боксерите на Вардар во Регионалната лига

Боксерите на Вардар убедливо го совладаа Железничар/ фото: БФМ

Македонскиот претставник во Регионалната лига во бокс, Вардар ја оствари првата победа откако во четвртото коло во рамки на групата А го совлада тимот на Железничар од Сараево со 14:6.

„Црвено-црните“ победија на седум борби. Во младинска конкуренција две службени победи, противникот немаше свои боксери во категориите 56кг и +91 кг. Во сениорска конкуренција победи остварија Бериша Јетон, Јасин Љама, Бајоку Шпетим, Лео Јовановски и Арсим Етемеи. Порази запишаа, Оран Шакировски, Ерлаб Бериша и Арианит Пачаризи.

Со триумфот, Вардар остана во во игра за пласман во полуфиналето. Вардар е третопласиран во групата А со два бода, прва е Лозница со осум, Железничар е втор со четири бода. Следниот меч н боксерите на Вардар ќе биде дуелот против Лозница во во февруари идната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот