Фото: Pexels/ cottonbro studio

Прва помош за лоша потенција: Сексуалниот апетит се враќа и со чај?!

Постигнување и одржување на ерекција е проблем со кој се соочува со секој четврти маж по педесеттата години, а главната причина за импотенција е лошата и недоволната циркулација на крв низ ткивото на машкиот полов орган.

На сексуалната моќ на мажот влијааат и психолошки тегоби кои предизвикуваат проблеми на работа или пак, лошите партнерства, но и болести на ‘рбетот и на нервниот систем. Врз машката потенцијаност негативно влијаат и некои лекови, особено антидепресиви и антихипертензиви лекови (лекови со висок крвен притисок).

Ослабената потенција може да биде резултат на хронични болести како што се дијабетес, каде шеќерот ги оштетува крвните садови или покачени нивоа на масти во крвта, создавајќи масни наслаги, стеснување на крвните садови, што го попречува снабдувањето со крв. На потенцијата може исто така може да влијае и тироидната жлезда, болеста на која не се отпорни ниту мажите, па затоа поради намаленото либидо треба да се менуваат животните навики.

Пред сè, потребна е избалансирана исхрана… Недостатокот на цинк, на пример, ја намалува плодноста и потенцијата, а недостатокот на магнезиум предизвикува зголемен стрес и го намалува квалитетот на спиењето.

Се препорачува да се јаде што повеќе овошје и зеленчук, житарки, млечни производи со помалку маснотии, говедско месо, остриги, шунка, сина риба, рогач, портокали, кељ, зелка, леќа, јајца и ореви. Оваа храна е богата со цинк, холин, лецитин и витамин Ц, кои се важни за плодноста и потенцијата.

Мора да се престане со пушење затоа што никотинот ги стеснува крвните садови и го зголемува ризикот од артериосклероза, како и на процесот на задебелување и оштетување на васкуларниот ѕид.

Имено, посилна артериосклероза во крвните садови на пенисот најчесто е причина за импотенција кај постари мажи. Меѓу другото, неопходно е да се движите и да останете на свеж воздух.

И последно, но не и најмалку важно – алкохол треба да се избегнува, бидејќи ја намалува сексуалната желба. Во поголеми количини алкохолот доведува до депресија, ја намалува силата на нервните импулси, а исто така го оневозможува создавањето на машкиот полов хормон – андроген, објаснуваат лекари ите – објаснуваат докторите.

Постојат пет рецепти за природни зголемување на сексуалната желба, а некои од нив се темелат на афродизијаци кои се прават од мешавина на билки и растенија.

Растителни афродизијаци:
Чај за сексуална желба

Состојки: маточина, риган, нане, линцура, рузмарин

Подготовка: Измешајте ги билките во еднакви размери, земете од таа мешавина една кафена лажичка чај, прелијте ја со лажичка зовриена вода, процедете ја по 15 минути и за почеток пијте по две шолји дневно. Некои од овие билки смируваат и релаксираат, а некои се стимулираат циркулацијата.

Чај за потенција

Состојки: ангелика, имела, кантарион, лист од маслина, глуварче, жалфија, ѓумбир, ајдучка трева

Подгответе се на ист начин како што е опишано во чајот за сексуална желба. Мешавина на овие билки ќе ја стимулира циркулацијата, придонесува за намалување масти во крвта и влијае на потенцијата.

Медена мешавина

Состојки: 0,5 килограм мед, 4 сечкани лимони и 2 чешниња лук

Подготовка: Измешајте лимон и лук со мед, оставете го да отстои десетина дена и промешајте го. Се зема 1 до 2 лажички дневно против атеросклероза и за подобар проток на крв, па така и за проток на крвта до гениталиите. Лукот може да го замените со 3 полни лажички рузмарин помешан со коприва. Овие препарати може да ги консумираат сите кои имаат проблеми со потенцијата.

Масло за заедничка сензуална масажа

Подготовка: Додајте 30 милилитри масло од јојоба, бадем или ванила, додајте 4 капки есенцијално масло од лимон, 4 капки етерично сандалово масло, 3 капки етерично масло ylang ylang и една капка роза ото.

Во релаксирана атмосфера, измасирајте ги со добиеното масло од овие мешавини мускулите на грбот, стомакот, но и нозете на партнерот.

Сензуално масло од жалфија

Подготовка: 4 капки етерично кедрово масло, 3 капки етерично масло од бергамот, 2 капки етерично масло од жалфија, 2 капки етерично масло од неролија
Промешајте го сето тоа во 30 милилитри базно масло.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот