Прва победа за Вињалес сезонава во Мото ГП шампионатот

Возачот на Јамаха, Маверик Вињалес, победи на Големата награда на Емилија Ромања (Италија), седма трка во сезоната од Мото ГП шампионатот. Шпанецот до триумфот дојде после инцидентот во кој учествуваше Франческо Банјаја.

Банјаја, кој на тренингот во саботата го надмина рекордот на патеката „Марко Симончели“, излета од патеката на седум круга до крајот, додека беше на чело на трката.

Вињалес тоа го искористи за победа пред Жоан Мир и Пол Еспаргаро кој четврти помина низ целта, но му е доделено третото место, бидејќи Фабио Квартараро не ја одработи казната од долг круг, па му беа додадени три казнени секунди. Тимскиот колега на Вињалес, Валентино Роси, излета од патеката во вториот круг, се врати на трката, но подоцна мораше да се откаже.

Прочитајте и...  ФК Вардар: Имавме срамно и непрофесионално судење против Шкендија! (ФОТО)

После трката во Мизано, Довициозо и натаму е лидер во генералниот пласман со 84 поени, само еден повеќе од второпласираниот Квартараро и Вињалес на третата позиција, а веднаш зад водечкото трио е Мир со 80 поени.

Наредната трка ќе се вози наредниот викенд на патеката „Каталуња“ за Големата награда на Каталонија.

Поврзани вести

Мбапе не попушта, нема шанси да потпише нов договор

Слободен печат

Омилениот ММА борец на Трамп повторно го нападна Леброн Џејмс (ФОТО)

Слободен печат

Реакцијата на Фернандеш кога дозна дека ќе биде капитен на Јунајтед (ВИДЕО)

Слободен печат

Ливерпул во јануари задолжително да го купи Упамекано

Слободен печат

Алиоски од клупата го гледаше поразот на Лидс! (ВИДЕО)

Слободен печат

Пирло: Дибала е голем шампион и наскоро ќе биде на терените!

Слободен печат

Остави Коментар