Прва лига: Работнички рутински против Охрид, триумфи и за Гостивар и ФМП Академија

фото: kfsm.mk

Во саботата одиграа три натпревари од Првата македонска кошаркарска лига, најубедлив беше Работнички кој со 86:56 го совлада Охрид. Го најавија тоа уште во првиот период „црвено-белите“ кои за 10 минути направија позитива од 17 поени (21:4), по што стана јасно кој е и како на теренот во СРЦ „Кале“.

Домашната екипа беше убедлива и во вториот период, го доби со 26:14 за веќе недостижни 47:18 на паузата. Сите играчи кои ги имаше на располагање тренерот на Работнички, Горан Самарџиев, се запишаа во листата на стрелците, најмногу 15 реализираше Ѓуроски, Трајс имаше 13, исто толку и Ефремовски.

На спротивната страна од игралиштето, Бернард и Столески беа единствените со двоцифрен број поени, првиот даде 19, другиот уште 11.

Прва кошаркарска лига (мажи)
8 коло

ФМП Академија – Кожув 93:83
Работнички – Охрид 86:56
Вардар – Гостивар 75:90

Табела: Работнички 13 бодови, МЗТ Скопје 13, Еуро Никел 12, Пелистер 12, Чаир 2030 12, ТФТ 12, Гостивар 12, Вардар 11, Феникс 2010 10, Кожув 10, ФМП Академија 9, Охрид 9.

Прва кошаркарска лига (жени)
6 коло

Пробаскет – Крива Паланка 70:54
Вардар – МЗТ Скопје 60:67

Табела: Вардар 11 бодови, МЗТ Скопје 11, Баскет Кам 9, Куманово-Гризли 8, Крива Паланка 8, Пробаскет 8, Бадел 1862 6, Струга 5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот