Прва лига: Коџо за важна победа на Македонија Ѓорче Петров

Трета победа по ред за фудбалерите на Македонија ЃП/фото: Македонија ЃП

Денеска во првиот натпревар од 22 коло во Првата македонска лига составот на Македонија ЃП на домашен терен со 1:0 славеше над Силекс.

Стрелец на единствениот гол за ѓорчепетровци го постигна канадскиот интернационалец Коџо во 19 минута од средбата.

Тоа е вкупно 11 победа сезонава за „лавовите“ од Ѓорче и моментно трета позиција на табелата со 38 бодови, додека клубот од Кратово после 11 пораз е на деветтото место со 23 бодови.

Составот на Жикица Тасевски најавува дека ќе се бори за едно од местата кои водат на европската сцена.

В недела од 14.00 часот ќе се одиграат преостанатите пет средби од рундата: Шкендија-Ренова, Вардар-Струга Трим Лум, Пелистер-Борец, Беласица-Академија Пандев и Шкупи-Работнички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот