Прв пораз на Партизан во Конференциската лига

Чешки предизвик за белградските „црно-бели“ во плеј-офот на Конференциската лига/ фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Екипата на Партизан по двата триумфи во првите две кола, вечерва го доживеа првиот пораз во Конференциската лига и тоа на домашен терен.

„Црно-белите“ загубија со минимални 0:1 од белгискиот Гент кој остана максимален по три кола. Единствениот гол на натпреварот го постигна Кумс во 59. минута од натпреварот.

Фаворитската улога ја оправда Базел кој со 3:1 славеше над Омонија како и Слован Братислава која со 2:0 го победи Линколн.

Резултати: 

Група А
Хелсинки – Макаби Тел Авив 0:5
Алашкерт – ЛАСК 0:3

Група Б
Анортозис – Флора 2:2
Партизан – Гент 0:1

Група Ц
Бодо – Рома 6:1
ЦСКА Софија – Зорја 0:1

Група Д
Клуж – АЗ Алкмар 0:1
Јаблонец – Рандерс 2:2

Група Е
Феенорд – Унион Берлин 3:1
Макаби Хаифа – Славија Прага 1:0

Група Ф
Копенхаген – ПАОК 1:2
Слован Братислава – Линколн 2:0

Група Г
Мура – Рен 1:2
Витесе – Тотенхем 1:0

Група Х
Карабак – Каират 2:1
Базел – Омонија 3:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот