Прв концерт на Златко Ориѓански и Бени Шаќири

Првиот концерт на Златко Ориѓански и Бени Шаќири со пријателите ќе се одржи утре (20 април) во Македонска филхармонија, со почеток во 20:30 часот. Двајцата музичари ќе понудат едно сосема поинакво музичко издание. На концертот ќе бидат изведени сите песни од албумот „Добро утро госпоѓо“.

Ориѓански и Шаќири се долгогодишни соработници и како производ на соработката ќе го одржат својот прв концерт заедно со пријателите во Македонската филхармонија.

Бени и Златко својата заедничка приказна ја започнаа со „Си беше еднаш“ и „Генерале“, која стана дел од музиката за претставата „Солун град на духови“ на режисерот Слободан Унковски. Продолжија со „Галена“, „Анице“ и со уште многу други песни кои публиката ќе има можност да ги слушне на 20 април.

Бени и Златко не најавуваат спектакал, туку најавуваат вечер во која сите ќе уживаат. Картите се во продажба во „Југотон“ и преку продажната мрежа на „КУПИ КАРТИ ЗА СЕ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот