Прв ангажман за Џорџо Кјелини по завршувањето на кариерата, ќе работи во МЛС лигата

Фото: ЕPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Со завршувањето на натпреварувачката сезона во МЛС лигата легендарниот италијански дефанзивец, Џорџо Кјелини објави крај на кариерата и веднаш се шпекулираше за негово враќање во Јувентус, сепак тоа засега нема да се случи.

Имено, првата работа надвор од теренот Кјелини ќе ја има во САД каде што ќе работи како тренер.

Лос Анџелес клубот каде што ја заврши кариерата соопшти дека Кјелини ќе биде дел од стручниот штаб и ќе се грижи за развојот на фудбалерите од првиот тим.

„Благодарни сме што Џорџо последните 18 месеци како играч ги помина во Лос Анџелес. Во тој период покажа како треба да се бранат боите на клубот. Тој е неверојатен лидер и фантастична личност, затоа очекуваме да биде сериозно засилување во нашиот стручен штаб“, објави клубот од МЛС лигата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот