Прсти ќе излижете: Полнето пиле за неделен ручек!

Фото: Инстаграм

Полнето, печено, крцкаво, вкусно пиле… Вистински рај за љубителите на овој тип месо! Ви претставуваме рецепт на кој нема да му одолеете.

Рижотото што ќе преостане од полнењето на пилето може да се искористи како прилог.
Состојки: • 1 пиле од 1,5-1,8 кг • 1 поголема главица кромид • 2 моркова • 2 стебленца целер • 120 г ориз • 500 мл пилешка супа • 40 г пармезан • црн пипер • сол • масло
За прилогот: • 1 помала брокула • 1 помал карфиол • 3 моркови

Приготвување:
Кромидот се чисти и се сече на коцки, морковите и стебленцата целер се лупат, па и тие се сечат на коцки.
На малку масло се пржи кромидот, а потоа се додаваат морковите и стебленцата целер, па и тие кратко се пржат.
Се става оризот, па понатаму се динста, постепено долевајќи по малку пилешка супа, додека набабри оризот. Се додава пармезанот, се посолува и запиперува по желба.
Пилето се полни со приготвеното ризото, па отворот се прекрива со кожичка и се прицврстува со чепкалки.
Тепсијата се обложува со хартија за печење и се прска со масло. Се става полнетото пиле и се пече во загреана рерна на 200°Ц, додека порумени.
Карфиолот и брокулата се чистат од коренот и надворешните листови и се кинат на цветови, морковите се лупат и се сечат на крукчиња. Зеленчукот се обарува на пареа и се послужува како прилог со печеното пиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот