Проветрувајте ги просториите за да го „растерате“ коронавирусот!

EPA-EFE/WU HONG

Додека милијарди се трошат во истражувањето на вакцината за ковид-19, стручњаците велат дека има нешто што може да помогне да се избегне вирусот, а не чини ништо – отворете прозорец.

Сè повеќе докази упатуваат на тоа дека воздухот што кружи во затворен простор придонесува за ширење на честичките кои предизвикуваат инфекција. Тој облак на ситни честички, познати како аеросоли, во воздухот може да остане долго, и повеќе часа, а во тој случај може да помогне едноставно посегнување по рачката на прозорецот.

Епидемиологот Антоин Флахаулт го споредува тоа со пушењето.

Што ќе направите кога собата е зачадена? Отворете го прозорецот за чадот да излезе од просторијата. Исто е и со невидливите вирални облаци – рекол тој.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) неодамна во своите препораки во борбата против ширењето на коронавирусот го вброи и делот за затворените простори.

Избегнувајте затворени простории и обезбедете нивна правилна вентилација со воведувањето на што е можно повеќе воздух“, пишува на интернет-страницата на Центарот.

Едноставно и ефикасно

Иако коронавирусот доминантно се пренесува по пат на капки, ЦДЦ и официјално ги вклучи аеросолите меѓу начините за пренесување на вирусот.

Стручњаците во многу земји веќе со месеци заговараат воведување поригорозни мерки за спречување на заканите со аеросолите, кои на почетокот на пандемијата одвај и да се споменуваа во јавноздравствените насоки. Германија е една од земјите која на своите граѓани и официјално им препорачува да отвораат прозорци и да ги проветруваат просториите. Проветрувањето е една од најевтините и најделотворните мерки за сузбивање на ширењето на коронавирусот.

Германските лекари ги советуваат луѓето да ги држат отворени прозорците дури и кога температурите паѓаат.

Секогаш можете да облечете џемпер ако ви застуди – велат тие.

Шестпати во еден час

Колку долго треба да се проветрува за да се „растераат“ аеросолите?

– Многу. Ние препорачуваме целосна рециркулација на воздухот во просторијата најмалку шестпати во еден час – вели Флахаулт, директор на Институтот за глобално здравје на женевскиот универзитет.

Шестпати во еден час е она што го имате во вагоните на супербрзите возови или во авионите, каде квалитетот на воздухот е многу добар. Но во повеќето затворени простории немаме такво ниво на вентилација – додава тој.

Отворените прозорци, секако, не се единствената мерка.

Ограничете го бројот на луѓе кои престојуваат во иста просторија, не останувајте во неа премногу долго, носете маска цело време, редовоно мијте ги рацете и обидете се да не зборувате или да не викате премногу – истакнува Флахаулт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот