Проверувајте го мејлот: Жена освоила 3 милиони долари преку „спам“ пошта

Фото: Профимедиа

Ако немате обичај да ја проверувате несаканата електронска пошта, сигурно по оваа вест почесто ќе ги проверувате мејловите.

Лаура Спирс од округот Окланд во Мичиген ја однела дома наградата од 3 милиони долари, којашто ја добила на лотарија. Спирс купила тикет на „Мега Милионс онлајн“, преку интернет во новогодишната ноќ и била прогласена за победничка на лотаријата во Мичиген.

Која е веројатноста?

Лаура Спирс (55) наишла на е-пошта со парична награда кога одлучила да ја провери својата спам-пошта на компјутерот, бидејќи ѝ недостасувала електронска пошта од некого. Победничката, која успешно искомбинирала пет броја за да ја освои наградата од милион долари, успеала да ја помножи својата награда за три пати бидејќи платила „Мегаплиер“, кој може да ги зголеми добивките до пет пати.

„Видов оглас на Фејсбук дека џекпотот на „Мега Милионс“ е доста висок, па се пријавив на налогот и купив тикет. Неколку дена подоцна, барав нечија е-пошта којашто ми недостасуваше, па ја проверив мојата папка (фолдер) за спам на својот имејл. Тогаш видов е-пошта од лотарија во која пишуваше дека сум ја освоила наградата. Не можев да верувам што читам, па се пријавив на мојот налог на лотаријата за да ја потврдам пораката од електронската пошта – објаснила Спирс.

Како ќе ја потроши наградата

Спирс ја земала својата добивка во седиштето на лотаријата во Лансинг, Мичиген.
– За мене сето ова се уште ми е толку шокантно – дека навистина освоив 3 милиони долари – рекла збунето среќната жена.

Спирс, која работи како медицинска сестра, рекла дека планира да ги подели парите со своето семејство и да ги искористи за предвремено пензионирање.

Таа додала дека отсега почесто ќе ја проверува папката со спам.

– Дефинитивно ја додадов лотаријата „Мичиген“ на својата листа на сигурни испраќачи, само во случај ако некогаш ми се посреќи да добијам уште една е-пошта за огромна награда – додала Спирс.

Џекпотот „Мега Милионс“, кој функционира ширум САД и Девствените Острови, во моментот изнесува 376 милиони долари, соопштил операторот на лотаријата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот