Проверена модна формула: Џенифер Лопез знае како моментално се носи најпопуларниот тренд! (ФОТО)

profimedia

Нејзините стајлинзи секој ден се се подобри…

Монохроматскиот стил е многу популарен оваа сезона, а тоа го знае и Џенифер Лопез. За прошетка на улиците низ Њујорк таа избра удобна, но воедно и многу тренди комбинација.

Со црна боја никогаш нема грешка, таа е сигурна варијанта во која секој изгледа одлично. Освен што на сите добро им стои, фигурата во неа ќе ви изгледа уште повитко.

Кожните панталони и воопшто сите парчиња од кожа се многу актуелни, па така во таа смисла направила одличен избор. Не е чудо што во последните неколку месеци ја класифицираат во најдобро облечените жени во светот.

профимедиа

Џенифер кожните пантолони ги искомбинира со црна ролка и долг капут со истата боја. Целата комбинација ја разби со бели патики.

Идеален стајлинг за овие денови кога не ви се троши премногу време на смислување на нови комбинации за облекување.

Во оваа проверена модна формула ќе изгледате модерно, витко, а ќе се чувствувате и удобно.

профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот