Прес на Синдикатите Флораком и Луна - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Протест на СУТКОЗ, Флораком и Луна - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Протестите успешни, вработените во „Флораком“ и „Луна“ добија плата за јуни

По четирите одржани протести, вработените во „Флораком“ и во „Луна“, кои со двочасовно блокирање на Илинденска го искажаа своето незадоволство поради неисплатените две плати, конечно деновиве добија плата за јуни.

Исплатата уследила по состанокот на претседателот на СУТКОЗ Стојанче Кашиковски и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Јетон Бучи.

Јулската плата за вработените во овие две фирми основани од ЈП „Паркови и зеленило“ како што сме известени од директорот ќе биде исплатена во исто време кога ќе им биде исплатена и на вработените во „Паркови и зеленило“ односно за неколку дена, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија.

„Флораком„ и „Луна“ не прифаќаат – нема пари, стрпете се: Блокадите ќе продолжат, а правдата ќе се бара и на суд

Оттаму додаваат дека се очекува по финансиската стабилизација и добивањето на субвенциите, кои беа изгласани од Советот на град Скопје,  нареднта плата односно плата за  август за сите вработени во „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ да се исплати во законски предвидениот рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот