Пропадна обидот за смена на раководството на Македонскиот олимписки комитет

Вонредното собрание за промена на претседателот на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски што требаше да се одржи вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ пропадна поради немање кворум.

Вонредно собрание закажано за вечерва од страна на Иницијативниот одбор за промени на раководство на Македонскиот олимписки комитет чиј претседател е Даниел Димевски пропадна, затоа што немаше кворум.

Собранието не се одржа, а не ни почна, иако беше закажано пред подолго време, а организаторите најавуваа дека има кворум. Но не се собраа доволно делегати. Како што соопшти Александар Маленко, еден од иницијаторите за ова Собрание, од 61 делегат беа присутни 28, односно недоволно состанокот да се одржи.

По повеќе од еден час чекање, потпишување и пребројување, Маленко излезе на говорницата и соопшти дека Собранието нема да се одржи затоа што нема кворум.

– Нема кворум за одржување на Собранието. Вистинските спортисти и спортски работници се поразени од кримимналната бизнис и политичка елита предводена од Димевски – рече Маленко додавајќи дека борбата за смена на актуелното раководство на МОК продолжува.

Инаку, редовното изборно собрание на МОК е закажано за в четврток во салата „Јане Сандански“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот