Промовирано ултимативното супер оружје против ковид-19: „Луна Дуо“ е дело на иноваторот Гога Поп Георгиевски

Гога Поп Георгиевски е иноваторот на медицинска гермицидна лампа за борба против Ковид-19/

– Мотивиран од борбата против Ковид-19 дизајнирав и патентирав, дизајн на една медицинска гермицидна лампа, во тренд со светските медицински помагала, како едно супер оружје докажано во оваа борба според голем број на истражувања. „Луна Мини“, е наједноставниот модел од гамата Луна, која вклучува повеќе производи со иста намена, но различен дизајн и јачина, а тоа е стерилизација на простории и овие медицински лампи се наменети исклучиво за установи во кои се одвива медицинска пракса. Конкретно ламбата е предвидена за 18 метри квадратни, изјави Поп Георгиевски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Тој објасни дека користат материјали кои се лесни за одржување.

–Моментално не постои технологија која 100% би ги заштитила медицинските работници и пациентите. Ова е само еден плус кој би не осигурал. Кај вас за прв пат го покажувам „Луна Дуо“ со две неонки кој е два пати посилен од „Луна мини“. Тој е два пати посилен, бидејќи колку повеќе неонки има самиот статив толку повеќе се зголемува ефективноста и се намалува нивото на зрачење. Стативите од програмата Луна, користат материјали кои се лесни за одржување, дезинфекција и стерилизација, .

Тој предупредува, угостителите да не користат УВ-Ц неонки.

– Морам да спомнам и дека УВ-Ц зрачењето е многу штетно. Советувам угостители, друг тип на бизниси кои не се занимаваат со медицинска дејност да не купуваат УВ-Ц неонки, бидејќи може да направат поголема штета од корист. Гледањето во УВ-Ц неонка може да доведе до слепило. Ова е домашен производ, од најквалитетни ламби, по т.н кинеска цена. Мора да почнеме со менаџирање на Короната кога практично мерките ќе се намалуваат, додаде Поп Георгиевски.

Крајната цел на проектот е со помош на ФИТР да донираат 55 гермицидни стативи, во соработка со иницијативата „3D Принт Медицинска опрема“ кои веќе вложија многу во тековната борба против коронавирусот, донирајќи над 10.000 визири, а знаат на кои места овие стативи ќе имаат директна примена.

-Ако немаме здраво општество ќе немаме здрава нација. Ниедна сфера нема да функционира. Се фрлија огромни пари на споменици место да се дадат во реновирање на медицинските установи. Овде сакам да ја истакнам и изразам мојата голема благодарност до моето семејство, пријателите, ФИТР, медицинските работници, рече Поп Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот