Прогласени најдобриот женски и машки парфем на сите времиња
По еден месец внимателнотестирање модното списание „Marie Claire“ ги прогласи најдобрите парфеми на сите времиња. Нивниот ригорозен процес вклучуваше екстензивно прскање, дифузија и мирисање, со цел целосно да се доживее секој мирис.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
За да ги оценат перформансите на парфемот во реалниот свет, тие исто така спроведоа тестови во различни ситуации. Така тие добија шанса да видат како секој мирис се однесува во различни средини. Внимателно ја следеа долговечноста на секој парфем, со цел да го пронајдат најдобриот во светот.
Во овој избор на најдобри парфеми, на крајот парфемот на YSL, „Black Opium“ се кристализираше како победник во категоријата најдобар женски парфем, а во категоријата машки парфеми таа чест ја освои „ Dolce & Gabbana Light Blue Pour Homme“.


„Победниците го претставуваат нашиот избор на најдоброто од најдобрите – комбинација од безвременски класици и возбудливи новитети. Без разлика дали се придржувате до мирисот на вашиот потпис или сакате да менувате парфеми во зависност од вашето расположение, овие избори имаат едно нешто заедничко: сите тие мирисаат неверојатно“, пишува „Marie Claire“, пренесува „Сitymagazine“.
Парфемот „YSL Black Opium“ е еден од најпознатите и најбараните парфеми на оваа модна куќа. Лансиран е пред 10 години, а досега стана класика поради уникатната и смела комбинација на ноти.
Во горните ноти има смели акорди на црно кафе кои ќе ги почувствувате. Срцето на мирисот открива нежен цвет од портокал кој му дава допир на женственост и го балансира интензивниот почеток. Како што се развива мирисот, основните ноти на кедар и пачули му даваат длабочина и трајна моќ, гарантирајќи дека мирисот ќе трае цел ден.
„YSL Black Opium“ привлекува внимание и со својот елегантен дизајн на шишиња, украсени со црн сјај, кој симболизира смелост и гламур.


