Проф. д-р. Бoјаџиев: Ширењето на коронаворисот наметнува хибриден модел на образование

Проф. д-р. Марјан Бојаџиев на гостувањето во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборуваше за проблематиката која зима се поголеми размери, односно со ширењето на коронавирусот, властите во земјите одлучуваат да ги затворат училиштата и факултетите.

Се смета дека околу 300 милиони деца во моментов не посетуваат настава, а оваа бројка може да расте, бидејќи вирусот се уште го нема достигнато пикот. Во таа насока, се бара решение како да се надминат овие „деветнаесет и дваесет вековни“ начини, на кои што се одвиваат наставите во основните, средните училишта, на факултетите, каде што се бара физичко присуство.

-Да почнеме со една општа парадигма дека онлајн настава или настава од далечина значи слаб квалитет. Тоа е првата работа која што овој момент треба да ја заборавиме во ова време на современа технологија. На онлајн наставата треба да се гледа само на посебен начин на остварување на истата цел, а целта е квалитет на образование. Ние ако сакаме од Карпош 4 да стигнеме до Аеродром, можеме да земеме такси, можеме да возиме, а тоа значи различни патишта до остварување на истата цел, изјави Бојаџиев.

Според проф. д-р Марјан Бојаџиев, од Универзитетот Американ Колеџ – Скопје, квалитетот може да биде добар или лош и на настава во училиште и онлајн.

-Морам да споменам дека најсовремениот концепт е хибридно образование. Со развојот на интернетот станаат популарни онлајн курсеви, каде луѓето можат да се стекнат со сертификати, но тоа е само еден мал сегмент. Се разбира, најзначајно е универзитетското образование, кое што со оглед на темпото со кое живееме, се повеќе се изведува во некаков хибриден модел. Хибридниот модел значи дека имаме дел часови во училница, а дел часови, поради природата на нештата, поради гужвата и ученици, кои доаѓаат од различни континенти, е многу подобро да се изведе со некој онлајн модус. Тоа се покажува како ефикасна мерка, изјави Бојаџиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот