Фото: илустрација / Stockvault.net

Двајца пациенти добиле органи од донор — едниот срце, другиот бубрег, соопшти Здравство

Пациентот на кој му е трансплантирано срце бил на листата на чекање од 2021 година, велат од Министерството

Педесет и две годишен пациент кој чекал на националната листа за трансплантација од 2021 година доби ново срце од донор, а 23 годишник нов бубрег, информира денеска Министерството за здравство.

Двајцата пациенти се во стабилна состојба.

-Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со нетрпение и верба чекал на националната листа за трансплантација – од денес чука ново срце. Симбол на нов живот, нов почеток и неизмерна благодарност. Со оваа исклучителна одлука за органдонорство, нивниот сакан продолжува да живее во срцата, телата и насмевките на луѓе кои повторно имаат шанса. Истовремено, 23-годишно момче доби бубрег и со него, шанса за поквалитетен живот – се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Оттаму упатуваат благодарност до семејството на починатиот, чијашто била конечната одлука да се донираат органите.

Од Министерството за здравство информираат дека донирани се и коскени ткива, како што потенцираат, „уште еден исклучителен дар, кој ќе помогне во лекување и обновување на живот“.

-Министерството за здравство изразува најдлабока почит за ова храбро семејство. Нивната одлука за нас е патоказ при креирање на идните политики. Благодарност до сите здравствени работници чија посветеност, експертиза и професионалност ја имаа оваа благородна мисија за нова надеж и нов живот, вели министерот за здравство, Азир Алиу.

„Слободен печат“ дознава: Голема инспекција во Институтот за јавно здравје, поради административци што не полагале испит

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот