Проф. Арсов: Ќе настрадаат сите што произведуваат и продаваат тутун, законот треба сериозно да се доработи
Професорот на Факултетот за земјоделски науки и храна Златко Арсов, вечерва во емисијата „Бизнис21“ на телевизијата „21“, дебатирајќи околу Законот за заштита од пушење, рече дека најголеми загуби ќе претрпат компаниите кои произведуваат и продаваат тутунски производи.
Препорачано
„Без разлика дали е на големо или мало, најголема штета ќе претрпат компаниите кои произведуваат и продаваат тутунски производи. Кога зборувам на мало, зборувам за самопослуги и слични продавници, каде што треба да се држат во некои сандачиња.“, рече Арсов.
Тој смета дека Министерството за здравство, пред да го подготви предлог-законот, морало да се консултира со експерти од тутунската струка за тоа какво влијание новиот пропис ќе има врз оваа индустрија.
„Не ми е јасно зошто министерството за здравство не се консултираше со луѓе од тутунската струка, кога го пишувале овој закон“, вели Арсов и додава дека предлог-законот бара „сериозна доработка“.
„Тој не треба да се донесе додека не се доработи како што треба“, рече професорот.
ВИДЕОАНКЕТА: Како реагираат граѓаните на најавата за нов антипушачки закон?
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
30мин
-
40мин
-
55мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


