ПРОДОЛЖУВААТ НАПАДИТЕ ПРОТИВ МАЛАТА ГРЕТА: Нејзиниот успех не бил случаен?! – Слободен печат
ВестиПланета

ПРОДОЛЖУВААТ НАПАДИТЕ ПРОТИВ МАЛАТА ГРЕТА: Нејзиниот успех не бил случаен?!

Нападите одат дотаму дека Грета е лице на една голема маркетинг шема - цврсто кординиран меѓународен напор за глобалното загревање да се продаде преку специфична оптика - преку страв, паника и брзање.

За само неколку месеци, Грета Тунберг од осамена девојка која протестираше пред шведскиот парламент стана меѓународен феномен. Противниците на Грета често се обидуваат нејзиниот подем и нејзините идеали да ги претстават како пропаганда зад која стојат Бил Гејтс и Сорос, односно упорно инсистираат на тоа дека нејзиниот успех не е случаен, туку е поддржан од „големите сили“.

Дел од заговорниците против Грета инсистираат на тоа дека зад оваа тинејџерка која решително се бори против климатските промени и сака да ја смени глобалната свест, стои голема машинерија која ги контролира меѓународните актери и која ја поддржуваат големи фондови. Таквата машинерија наводно и дозволила на Грета да се појави на насловните страници на многу весници, и овозможила да стане предмет на илјадници новинарски текстови, состаноци со светски лидери и одржување на говори на елитни места, како во Обединетите нации.

„Иако Грета веројатно и искрено е загрижена за судбината на планетата, нејзината порака внимателно ја смислиле оние кои ја контролираат за да дефинираат специфичен одговор од младите“, често е ставот на нејзините противници.

Грета Тунберг/ Фото: Профимедиа

Нападите одат дотаму дека Грета е лице на една голема маркетинг шема – цврсто кординиран меѓународен напор за глобалното загревање да се продаде преку специфична оптика – преку страв, паника и брзање.

„Популарноста на Грета е чиста креација на масовните медиуми. Тоа е неспорен доказ на екстремните и моќни масовни медиуми. И во однос на фактот дека повеќето медиумски куќи се наоѓаат во сопственост на неколку мега-корпорации, на елитата не и е тешко да го засити светот со одредена порака. Програмирањето на масовните медиуми посебно има ефект врз оние кои развиле акутно чувство на критичко мислење – посебно кај младите, а феноменот Грета е направен по мерка на овие многу специфични демографии“, велат противниците на Грета.

Кои се родителите на Грета?

Таткото на Грета е актерот Сванте Тунберг, чиј татко бил актерот и режисер Олоф Тунберг. Нејзината мајка е оперската пејачка Малена Ерман, која стана славна на Евровизијата во 2009 година.

На 20 август во 2018 година Грета седеше пред шведскиот парламент со натпис „Училишен штрајк за климата“. Четири дена подоцна, објавена е книга од нејзината мајка „Глетки од срце“.

Фото: Принтскрин

Напишана како семејна автобиографија, книгата зборува за најразлични семејни прашања како дијагнозата на Грета со Аспергеров синдром кој Ернман го опишува како „супермоќ“.

Во еден дел од книгата, Ернман пишува дека Грета всушност може да види како јаглендиоксид излегува од автомобилите и зградите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close