Продолжува акцијата „Армагедон“: Уапсени уште 10 педофили во Србија

Апсење/ Фото: Архива на Слободен печат

Десет лица од Србија се уапсени во продолжение на акцијата „Армагедон“ поради сомневање дека извршиле кривично дело прикажување, стекнување и поседување на порногафски содржини, како и искористување на малолетни лица за порнографија, пренесува Блиц.рс.

Како што сомнева полицијата, осомничените преку Фејсбук стапиле во контакт со малолетник и од неа барале да се снима и фотографира гола, па потоа да им ги испрати тие снимки и фотографии на Фејсбук.

Осомничените се обвинети дека на малолетниците им праќале фотографии и видеа со порнографски содржини, преку кои би договарале средби со нив.

Притворените ќе бидат задржани во полицијата 48 часа, а потоа со кривична пријава, ќе бидат изведени пред надлежното обвинителство.

ВИДЕО: 18 лица уапсени за детска порнографија во акцијата „Армагедон“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот