ВИДЕО: 18 лица уапсени за детска порнографија во акцијата „Армагедон“

Во рамките на акцијата „Армагедон“, рано утрово, припадници на Службата за борба против организиран криминал, како и повеќе полициски администрации на територијата на Република Србија, уапсија 18 лица.

Во соработка со Обвинителството за високотехнолошки криминал во Белград, уапсени се Д.С. (1976) и Д.Х. (1961) од Белград, С.В. (1964) од Младеновац, С.А. (1978) од Обреновац, С.К. (1964) од Ниш, Д.Р. (1985) од Дољевац, П.И. (1972) од Краљево, Б.Ј (1989) од Лесковац, Ј.Ц. (1960) од Владичин Хан, В.Л. (1964) од Бач, И.Б. (1960) од Кикинда, А.И. (1984) и Е.И. (1980) од Нови Пазар, А.Ч. (1987) од Трстеник, Ј.М. (1964) од Ковин, Н.М. (1989) од Крушевац, З.М. (1972) од Рума и Д.М. (1960) од Кладово.

Тие се осомничени за сторени кривични дела прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и експлоатација на малолетничка за порнографија, експлоатација на компјутерска мрежа или комуникација со други технички средства за извршување злосторства против сексуална слобода против малолетничка, сексуално вознемирување и принуда.

Полицијата се сомнева дека тие контактирале со малолетничка преку Фејсбук и барале да биде фотографирана без облека и да им испраќа фотографии и видеа преку социјалните мрежа.

Исто така, осомничените на девојчето му испраќале фотографии и видеа со порнографска содржина и договориле состаноци со неа за сексуален однос, иако таа на почетокот на комуникацијата им рекла дека има 15 години.

Осомничените се приведени до 48 часа и истите ќе бидат изведени во надлежното обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот