Проблемите со коленото се минато за Стоилов (ФОТО)

facebook.com/acibademsistinahospital/

Неколку дена по операцијата, капитенот на македонскиот и европски шампион Вардар, Стоилов на денешниот контролен преглед откри дека се чувствува одлично.

Воедно репрезентативниот пивот е среќен што повеќе ја нема болката која му ги отежнувала секојдневните активности.

Докторите, пак, велат дека интервенцијата поминала во најдобар ред, а веќе од утре Столе може да почне со вежби и физикална терaпија, кои што ќе потпомогнат за побрза рехабилитација.

Од „Аџибадем Систина“ му посакуваат брзо опоравување и што поскоро враќање на терените. Потсетување дека Стоилов со Вардар ја освои втората титула во Лигата на шампионите.

Иако го пропушти дуелот против Грција, неговите репрезентативни колеги успеаја со победата над грчката селекција во салата „Парк“ да го освојат првото место во квалификациите и обезбедат пласман на ЕП 2020.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот