Проблеми за селекторот Тодоров, Ѓуроски позитивен на корона и не игра во Талин

Стојан Ѓуроски, Фото: Архива

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Стојан Ѓуроски нема да биде во можност да биде дел до нашиот сениорски национален тим за претстојниот квалификациски турнир во Естонија.

Репрезентативното крило доби позитивен резултат на задолжителниот ПЦР тест кој го направи по враќањето во Аликанте.

– За жал, нема да можам да му помогнам на националниот тим за Битките во Талин. По враќањето во Скопје, каде мораше да средам некои технички работи поврзани со работната дозвола за Шпанија, бев тестиран од страна на клубот. Тестот се покажа како позитивен, а тоа ме однесе во самоизолација – вели Ѓуровски, за интернет страницата на КФСМ.

Поради позитивнио тест, Стојан Ѓуроски нема да биде дел од репрезентацијата која од 28. до 30. ноември во Талин, Естонија, каде во „меур“ ќе се играат квалификациите за пласман на Евробаскет 2022. Македонија во Талин треба да игра против Италија и Естонија.

– Според шпанските закони, има некои правила кои се однесуваат за спортистите. Нема одреден број на денови кои морам да ги поминам во карантин. За пет-шест дена ќе бидам повторно тестиран, па ќе видиме. Засега немам ништо, не чувствувам никакви симптоми. Немав контакт со никој од клубот, затоа што по враќањето прво што требаше да направам беше да се тестирам. Искрено, ми е многу криво што нема да играм во Естонија Но што е, тука е. Здравјето е пред сè – додава Ѓуроски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот