Проблеми за Е. Пелистер пред дуелот со Ним: Мараш и Обрадовиќ позитивни на ковид-19

еурофарм пелистер
Голманите на Е. Пелистер примија 248 голови во групната фаза на ЛЕ/ фото: РК Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утревечер (18.45 ч.) со гостувањето кај Ним, ги продолжуваат настапите во Лигата на Европа, но тренерот Жељко Бабиќ се соочува со проблеми бидејќи нема да може да смета на четворица ракометари, од кои двајца се позитивни на коронавирус.

Иако сите ракометари на Еурофарм Пелистер се вакцинирани, на денешното тестирање пред заминување за Франција, Матео Мараш и Немања Обрадовиќ биле позитивни на коронавирус и се испратени во самоизолација. Дополнителни главоболки на тренерот Бабиќ му создава и податокот дека против Ним нема да настапат ниту Јосип Периќ поради болест како и повредениот Мирко Радовиќ.

Повикани ракометари за натпреварот Ним – Еурофарм Пелистер:
– Мартон Секељи
– Марко Кизиќ
– Гоце Ојлески
– Бојан Маџовски
– Дејан Кукуловски
– Стипе Мандалиниќ
– Реиние Табоада
– Марио Танковски
– Мартин Велковски
– Јосип Божиќ Павлетиќ
– Ненад Костески
– Елмир Граџан
– Никола Маркоски
– Милорад Кукоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот