Пробивањето на „Илинденска“ и кружниот тек кај Мавровка се сѐ понеизвесни

Колони возила, свирење на автомобилски сирени, нервозни возачи… ова е сликата на голем дел од сообраќајниците во Скопје.

Возачите бараат решавање на овој секојдневен проблем, а спас од сообраќајниот хаос гледаат во кружните текови, со кои се овозможува поголем проток на возила од класичните крстосници, што го потврдува и досегашната практика.

Изградба на нов кружен тек кај трговскиот центар „Мавровка“ пред две години најави првиот човек на Градот, Петре Шилегов.

„Крстосницата кај универзитетскиот и судски комплекс е една од најоптоварените во градот Скопје. Возилата што чекаат да се вклучи зелената светилка на семафорите, значително влијаат врз загаденоста на воздухот, поради зголемената емисија на гасови. За да се зголеми протокот на крстосницата, ќе направиме денивелација на сообраќајните ленти кои се вкрстуваат, а пешаците и велосипедистите ќе ги одвоиме на посебни и безбедни коридори, кои ќе им овозможат побрз премин над раскрсницата“, стои во предизборната програма на Петре Шилегов.

Прочитајте и...  Костовски: Не ја ставајте во овој вител министерката Ангеловска, бидејќи таа е стар клиент на банката

На половина од неговиот мандат, на оваа локација сѐ уште не се започнати градежни активности за реализација на ова ветување. „Слободен печат“ го праша градоначалникот Шилегов, дали хаосот во правец кон Бит пазар и кон МАНУ, ќе се реши со изградбата на најавениот кружен тек.

– Даден е налог до службите, се завршува ДУП-от на Центар, за инфраструктурниот проект за „Мавровка“ која што треба да биде голем кружен тек со еден т.н. форсиран правец од Бит пазар кон МАНУ. Значи, луѓето што би оделе право од МАНУ кон Бит пазар или од Бит пазар кон МАНУ би возеле преку мост, а долу би бил големиот кружен тек. Очекувам дека пролетва ќе започнат градежните работи – изјави Шилегов.

Прочитајте и...  Протестен марш во Минск: Полицијата ги спушти штитовите во знак на солидарност со демонстрантите (ВИДЕО)

Еден од капиталните проекти кои скопјани со нетрпение го очекуваат, а го најавуваше и претходниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, е пробивањето на Илинденска.

„Пробивањето на булеварот „Илинденска“, со мост над реката Вардар, кон „Ѓорче Петров“, и поврзувањето со обиколницата, ќе обезбеди нејзина поголема искористеност. Жителите на населбите „Даме Груев“, „Ново село“, „Кисела јабука“ и Волково, во рамките на општината „Ѓорче Петров“, ќе се поврзат со општината Карпош и полесно сообраќајно ќе комуницираат со центарот на градот и со неговите содржини. Сите граѓани имаат право да бидат поврзани“, стои во програмата на Шилегов.

Во врска со овој проект, Шилегов вели дека пробивањето на „Илинденска“ е возможно само ако Градот најде пари, што е многу тешко, да направи висечки мост долг 350 метри, а тоа нема економска логика поради постоењето на бунарите на Лепенец.

Прочитајте и...  Иванов: Нови избори не се опција, Костов: Се одбегнува ВМРО-ДПМНЕ, партија втора по ред со доделена легитимна моќ

– Таму не можеме ни фундаментите да ги поставиме, зашто тоа е прва заштитена зона, дел од водоснабдувањето – рече Шилегов, и најави „некаков вид на бај пас за овој проект“.

– Завршена е ревизијата по проектирањето и јас очекувам дека во јануари ќе биде распишан тендерот за почеток на градбата на некаков вид на бај пас, почеток на избор на изведувач на мостот кој што кај Сити мол, по „Московска“ ја пресекува „Илинденска“, оди кон Злокуќани и перспективно треба да се спои со булевар „Словенија“ и да заврши во Волково, и тука ќе го направиме тој бај пас за кој зборуваме – вели Шилегов.

Прочитај повеќе

Интервју со Илија Адамоски: На пензионерите им треба правен лек – лекс специјалис!

Мендо Димовски

Град Скопје: Аплицирајте за субвенции за чистење оџаци

Слободен печат

Поголемиот дел од руските лекари се скептични за руската вакцина

Слободен печат

100 години Филозофски факултет – Скопје

Слободен печат

Без вода дел од корисниците на булевар „Партизански одреди”

Слободен печат

Руски јутјубер уапсен за оддавање на државни тајни, ќе остане во притвор до октомври

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Руски јутјубер уапсен за оддавање на државни тајни, ќе остане во притвор до октомври

Слободен печат

Потресни сведочења од притворените на протестите во Минск: Не соблекуваа голи, не тепаа и не мачеа, жените врескаа (ВИДЕО+ФОТО)

Слободен печат

Глетка која го запира здивот: Над 300 делфини забележани во Калифорнија

Слободен печат

Иран ја осуди популарната двојка на 16 години затвор и камшикување поради објави на Инстаграм

Слободен печат

Груби: Сè уште не е постигнат договор помеѓу СДСМ и ДУИ, албанската опозиција шири лажни вести

Слободен печат

Германија ќе ја прогласи Шпанија за ризично подрачје поради коронавирусот

Слободен печат