Фото: Принтскрин / Инстаграм / Студенти у блокади

Приведен насилникот што тепаше студенти во Нови Сад: Матовиќ турнал девојка, удрила со главата во ѕид

Мажот во зелена јакна кој за време на протестите во Нови Сад во понеделникот навечер ѝ ја удрил главата на една студентка во ѕид, а потоа им удирал шлаканици на уште неколку студенти, е задржан во полиција по полноќ, објави „Нова“.

Горски Матовиќ, познат како „класичен СНС-јуришник“, поранешен навивач и еден од водачите на групата „Корида“, околу која биле собрани навивачи на ФК Нови Сад, воедно е и поранешен осуденик.

Според базата на податоци за жителите на т.н. „Ќациленд“, Матовиќ бил повеќепати осудуван, меѓу другото за насилничко однесување и фалсификување.

ВИДЕО | Брутално полициско насилство во Нови Сад: Ја удира девојката по глава и ја влече за коса

Откако во понеделникот навечер, за време на протестот пред Српскиот народен театар во Нови Сад, малтретирал и напаѓал студенти, тој синоќа бил приведен.

Како што дознава „Нова“, Матовиќ е задржан во полициска станица до 48 часа.

Во наредниот период ќе биде изведен пред Вишото јавно обвинителство во Нови Сад на распит, со поднесена кривична пријава.

За потсетување, во вторникот се одржаа протести низ целата Србија, по насилството извршено од приврзаници на владејачката Српска напредна партија врз студенти и врз граѓани во Нови Сад, за време на одбележувањето на 200-годишнината од основањето на Матица Српска.

ВИДЕО | Брутално полициско насилство во Нови Сад: Ја удира девојката по глава и ја влече за коса

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот