полицаец Нови Сад фото: принтскрин/инстаграм

ВИДЕО | Брутално полициско насилство во Нови Сад: Ја удира девојката по глава и ја влече за коса

Студентите во блокадата на социјалните мрежи објавија видео од брутално полициско насилство врз граѓани во Нови Сад, на кое се гледа како припадник на полицијата удира девојка по главата и ја влече за коса, а потоа ги напаѓа оние што се обиделе да го спречат, објави Нова.рс.

Како што може да се види на видеото објавено од студентите, девојката се приближува до полицаец, а тој ја удира и ја влече за коса.

Собраните студенти и граѓани му велат да застане и се обидуваат да го тргнат, но тој потоа напаѓа друг човек.

Зголемувањето на бројот на полицијци кај собраните граѓани во Нови Сад започна кога граѓаните се обидоа да ги спречат да го земат автобусот на Миломир Јаќимовиќ, кој штрајкува со глад во близина на Бановина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот