Пристигна трејлерот за најстрашната серија на Нетфликс (ВИДЕО)

Foto: Netflix/Promo

Нетфликс го објави првиот официјален трејлер за долгоочекуваната серија „The Haunting of Bly Manor“, продолжението од досега најфалената хорор серија 2018 година – “The Haunting of Hill House”.

Првиот дел од серијата, базиран на истоимениот роман на Ширли Џексон, освои бројни награди и докажа дека и сериите можат да бидат еднакво застражувачки и емотивно полни како и најдобрите филмови.

И продолжението ќе биде инспирирано од роман, односно од еден од најдобрите кратки раскази „Вртење на завртката“ на Хенри Џејмс, но творец на серијата Мајк Фленеган објасни дека книжевното дело ќе биде само вовед во серијата. Тој исто така вети дека продолжението ќе биде многу пострашно од првиот дел. Судејќи според трејлерот, тоа е многу веројатно, бидејќи коментарите на гледачите можат да се опишат со еден збор – морничаво.

„Приказната говори за една млада гувернанта која ја најмува еден маж со цел да ги чува неговата внука и внук во семејната селска куќа, откако тој ги посвоил. Доаѓајќи на имотот Блеј, гувернантата сепак почнува да се сомнева дека не се сами на имотот„ – се наведува во описот на серијата.

Сите девет епизоди ќе бидат емитувани на 9-ти октомври на Нетфликс, а некои од улогите им се доделени на актерите кои веќе играа во „The Haunting of Hill House”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот