Кејт Мидлтон и принцот Вилијам / Фото: Икс/Официјалниот профил на принцот Вилијам и Кејт

Принцот Вилијам за борбата на Кејт Мидлтон со ракот: „Таа издржа толку многу…“

Во ново интервју, принцот Вилијам отворено зборуваше колку е горд на неговата сопруга Кејт Мидлтон по закрепнувањето од рак, како и за нејзиното неодамнешно официјално патување во Италија, пишуваат странските медиуми.

За време на гостувањето во радио емисијата „Појадок со срце“ што ја водеа Џејми Тикстон и Аманда Холден, принцот од Велс не штедеше пофални зборови за својата сопруга.

– Таа е неверојатна мајка и неверојатна сопруга. Буквално, нашето семејство не можеше да функционира без неа. Таа беше апсолутно неверојатна – рекол Вилијам.

Посебен фокус на разговорот беше ставен на првото официјално патување на Кејт во странство по нејзината дијагноза. Имено, принцезата ја посети Италија претходно овој месец како дел од нејзиниот проект за развој во раното детство.

– Многу сум горд, многу, многу горд. Помина низ толку многу во последните неколку години. Навистина се радуваше на патувањето во Италија и ми е мило што сè помина добро. Се врати полна со енергија – додал тој.

Вилијам, исто така, откри дека Кејт е вистински професионалец кога станува збор за нејзината работа со деца, додавајќи дека поголемиот дел од вечерите ги поминува читајќи документација во спалната соба.

Сепак, тој забележа дека тие мора да бидат внимателни со нејзиното темпо на работа: „Овие патувања одземаат многу енергија, па затоа мора да ги балансираме одговорностите за да се осигураме дека таа е добро и дека има доволно одмор.“

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон плаќаат вртоглава сума за изнајмување на нова вила во Виндзор — потпишаа 20-годишен договор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот