Принцот Хари и Меган Маркл повторно пристигнуваат во Лондон

меган маркл
Принцот Хари и Меган Маркл / Фото: Lev Radin/ Profimedia

Британскиот војвода и војвотката од Сасекс следниот месец ќе ја посетат Велика Британија за да присуствуваат на добротворни настани.

Принцот Хари и Меган Маркл исто така ќе ја посетат Германија како дел од патувањето каде што ќе поддржат „неколку важни добротворни настани“, рече нивниот портпарол.

меган маркл
Меган и Хари / Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Двојката ќе го посети Манчестер за да присуствува на самитот „One Young World“, настан на кој ќе се соберат млади лидери од повеќе од 190 земји, на 5 септември. Војвотката од Сасекс е советник на организацијата, како и Џастин Трудо, Ричард Бренсон и Џејми Оливер.

Потоа, тие ќе ги посетат игрите „Invictus“, кои треба да се одржат во Дизелдорф во 2023 година, и настанот во рамките на натпреварот наречен „One Year to Go“. Потоа ќе се вратат во Велика Британија за наградите „WellChild“ на 8 септември.

меган маркл
Меган Маркл и Принц Хари / Фото: EPA-EFE/REMKO DE WAAL

Нивната посета на Велика Британија е прва по прославата на платинестиот јубилеј на кралицата на почетокот на јуни.

„Принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, со нетрпение очекуваат да присуствуваат на неколку добротворни настани кои се важни за нив“, рече портпаролот на парот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот