Принцот Хари и Меган Маркл доаѓаат во Европа: Ќе го „скокнат“ Лондон

принц хари
Принц Хари, Меган Маркл и кралица Елизабета / Фото: EPA-EFE

Принцот Хари и Меган Маркл овој викенд би требало да пристигнат заедно во Европа, за првпат откако ги напуштија кралските должности пред точно две години. Оттогаш, принцот Хари беше во Велика Британија само двапати, за погребот на неговиот дедо, принцот Филип и откривањето на статуата на неговата покојна мајка, принцезата Дајана. Но и за време на двете посети неговата сопруга Меган остана во САД.

Двојката пропушти важни настани во Лондон, како што е церемонијата што неодамна се одржа во спомен на принцот Филип кој почина минатата година.

Зошто Меган и Хари го одбегнуваат Лондон и дали лажат за причината?

Принцот Хари во неколку наврати истакна дека тој и неговото семејство не се чувствуваат безбедно во Велика Британија бидејќи институцијата на кралското семејство им го одземала правото на обезбедување.

Пред платинестиот јубилеј на кралицата, принцот Хари побарал тој и неговото семејство да добијат државно обезбедување, но предлогот бил одбиен. Принцот наводно, понудил сам да ѝ плати на полицијата да го следи секој негов чекор, но и тој предлог бил одбиен со образложение дека државната полиција не може да биде ангажирана.

Меган и Хари сакале да ги имаат истите привилегии од сигурносен аспект како постарите членови на кралското семејство како Кејт и Вилијам, но тие го загубија тој статус откако се повлекоа од кралските функции и се преселија во САД. Затоа наводно тие двајца, нема да дојдат во Велика Британија додека не се промени ситуацијата.

Принцот Хари и Меган изјавија дека нивното семејство е во голема опасност во Велика Британија, а тој изјави дека на последната посета бил прогонуван од папараците. Од друга страна, пак, минатата година немаше ниту една папарацо снимка од принцот Хари од Лондон.

Дали можеби се свесни дека нивната популарност во Велика Британија веќе не е истата?

Веста дека Хари и Меган викендов ќе пристигнат во Холандија каде нема да добијат државно обезбедување, разбесни голем број Британци.

Тие двајца, покрај принцот Ендру, се двете најнепопуларни личности од кралското семејство и нивната популарност тоне од анкета во анкета.

Според кралскиот експерт и писател Роберт Џобсон, отсуството на Хари од Обединетото кралство и неговата подготвеност да патува во Холандија нема никаква врска со безбедноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Realness (@prinz_arch_lili)

Во Холандија, Хари е поканет на игрите „Invictus“. Кралскиот експерт објаснува дека едноставно тој се чувствувал добредојден и сакан, додека тоа не е случај во Велика Британија. Тој додава дека е повеќе од јасно дека Хари е во катастрофални односи со семејството, особено со татко му, маќеата и брат му.

„Во Хаг ќе го слават. Неговите браќа и сестри по оружје, поранешни и сегашни, ќе го фалат како авганистански ветеран кој не ги заборавил“, заклучил Џобсон, пренесуваат британските медиуми.

Се повеќе се шпекулира дека во Холандија ќе ги следи тимот на „Netflix“ за потребите на нивното ново шоу, додека такво нешто не би било возможно во резиденциите на кралското семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот