Пригожин контра Вучиќ: Во „Вагнер“ нема ни еден Србин

Пригожин, Вучиќ, Вагнер/ Фото Слободен печат

Шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, изјави дека во моментов меѓу борците на оваа приватна воена компанија во Украина нема српски државјани, а последниот ја напуштил групата пред два месеци. Неговите коментари доаѓаат откако српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини „Вагнер“ дека се обидува да регрутира Срби да се борат во Украина, пренесува „ТАСС“.

„Вучиќ дивее без причина. Во Вагнер нема Срби“, рече Пригожин во коментарот објавен на неговиот јавен канал Телеграм. „Последниот кој се борел во Вагнер ја напушти областа пред два месеци. Ако некој Србин тврди дека се борел во Вагнер во 2023 година, тие лажат. Не им верувајте.

Овие забелешки доаѓаат откако „Политико“ објави напис во кој Вучиќ коментира дека Србите регрутирани да се борат во Украина „ќе бидат уапсени кога ќе се вратат во Србија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот