Претставен авион во чест Диего Марадона

Фото: EPA-EFE/MATIAS CAMPAYA

Приватен авион посветен на легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона денеска беше претставен во Буенос Аирес, во пресрет на патувањето кое ќе заврши на Светското првенство во Катар.

Авионот наречен „Танго Д10С“ е авион со 12 седишта и е дизајниран да биде летачки музеј во чест на славниот Аргентинец, кој во ноември 2020 година почина од срцев удар. На презентацијата на авионот присуствуваа ќерките на Марадона, Далма и Џанина.

На трупот доминира ликот на Марадона како го бакнува пехарот наменет за победникот на СП кој во 1986 го освои селекцијата на Аргентина предводена токму од „Ел Пибе“. Ликот на Диего исто така се наоѓа и на опашката на телефонот. Авионот е украсен со боите на аргентинското знаме.

На крилата на авионот се насликани двата гола кои Марадона ги постигна во четвртфиналето на СП 1986 година против Англија, од првиот е попознат како „божјата рака“, а вториот се смета за еден од најубавите голови на сите времиња.

Навивачите кои ќе патуваат со авион ќе можат да му остават порака на Марадона и да комуницираат со него преку вештачка интелигенција.

– Мислам дека ова е одлична идеја, бидејќи Диего е најдобар фудбалер на сите времиња. Ова Светско првенство ќе ни биде прво без Марадона, многу ни недостасува, но тој е секогаш тука за нас. Ние играчите кои триумфиравме на СП 1986 постојано зборуваме за него и се потсетуваме на анегдотите како не предводеше до освојувањето на титулата – изјави поранешниот аргентински репрезентативец, Серхио Батиста.

Компанијата која го финансираше проектот „Дај и добиј“ изјави дека првично ќе нуди приватни летови само низ Аргентина, а идејата била авионот да патува до Мексико, Неапол и Дубаи, места кои биле важни за Марадона.Авионот ќе отпатува за Катар на Светското првенство, а потоа ќе биде ставен на аукција од каде средствата од неговата продажба ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот