Претседателот на МОК да закаже Вонредно собрание во рок од 30 дена

Иницијативниот одбор за уредување на односите во Македонскиот олимписки комитет (МОК), на денешната прес конференција го повика претседателот Васил Тупурковски да свика Вонредно собрание на кое ќе се разгледуваат барањата за промени во функционирање на организацијата.

– Имам сериозна задача во име на Иницијативниот одбор да ја информирам јавноста за нашите барања. Според олимписката повелба, во Собранието на МОК, мнозинството гласови треба да биде од националните федерации од олимписките спортови. Така е целото олимписко движење во светот. На 27 септември, ИО поведе иницијатива за одржување легитимно вонредно собрание на МОК, согласно одредбите од Олимписката повелба, Законот за здруженија и фондации и Законот за спорт. Затоа го замоливме претседателот на МОК да закаже легитимно Вонредно собрание на МОК во рок од 30 дена. Доколку тоа не се случи, ние ќе ги искористиме сите можни механизми кои во текот на октомври да се закаже и одржи легитимно Собрание на МОК – рече претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска.

Прочитајте и...  Адеми блеска во дресот на Динамо Загреб (ВИДЕО)

Рокот за закажување на Вонредно собрание кој ИО му го даде на МОК истекува на крајот на оваа недела. Засега нема најава од МОК дека позитивно ќе одговорат на иницијативата.

– Иницијативниот одбор покрај поддршката од спортски федерации на олимписки спортови, има поддршка и од федерации на неолимписки спортови, спортисти и спортски работници – додаде Војнеска.

Прочитај повеќе

Ливерпул во Вулверхемптон ќе ја бара замената за Вернер

Слободен печат

На денешен ден замина кошаркарскиот Моцарт 

Слободен печат

УФЦ во проблеми, третата и најголема ѕвезда Мекгрегор заминува во пензија

Слободен печат

Германецот му верува на Михајловски: Дисингер верен на Вардар!

Слободен печат

Шеста рунда, нема заразени во Премиер лигата

Слободен печат

Адеми блеска во дресот на Динамо Загреб (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Унгарски борач прележа коронавирус, па почина откако се врати на тренинг!

Слободен печат

Вернер се посрамоти пред „трансферот“ во Челси! (ВИДЕО)

Слободен печат

Неопислива среќа, Ѓоковиќ: Мојот прв тениски рекет! (ВИДЕО)

Слободен печат

Санчо парично казнет поради шишање без маска (ФОТО)

Слободен печат

Баварски час по фудбал во Леверкузен! (ВИДЕО)

Слободен печат

Мојсов останува во редовите на АЕК Ларнака

Слободен печат